• среда, 18 декември 2024

Форум во Делчево во рамки на проектот „Бесплатна правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните групи во заедниците“

Форум во Делчево во рамки на проектот „Бесплатна правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните групи во заедниците“

Делчево, 10 ноември 2023 (МИА) - „Мојата желба е да не се плашам, храбро, да не се откажувам и да зборувам!“. Ова е пораката на една од жените кои преживеале семејно насилство, а го сподели своето искуство во рамки на проектот „Бесплатна правна и психосоцијална поддршка за маргинализираните групи во заедниците“.

Станува збор за кампања која НВО „КХАМ“ oд Делчево ја реализираше заедно со Организацијата на жени на Свети Николe и ЕХО од Штип,  а имаше за цел промовирање на Бесплатната служба за правна и психосоцијална поддршка,  која ги обезбедува на нивните клиенти во последните неколку години. 

-Семејното насилство траеше долги години, а причините беа еден и единствен премин за домување, можноста за бегство од насилникот и никаде. Како наставник работев во многу училишта, но морав да се одлучам кога ќе имам решение за домување. Многу е важно да се има поддршка од социјалните институции, од институциите во градот. Најсилното треба да го носат во себе, зачувувајќи ги децата и семејството, а најважно е здружувањето на институции, институции и медиуми кои можат да влијаат на жените, а можеби и на мажите јавно да зборуваат и да ја кажат вистината, истакна учесник на проект кој преживеа семејно насилство.

Во рамки на оваа кампања денеска во Делечво се одржа Форум насловен „Ние сме се уште тука за тебе“, настан на кој новинарот Огнен Јанески разговараше за семејното насилство, колку го препознаваме и кои се институционалните бариери за известување. 

-Организираната трибина е продолжение на кампањата што се работеше во општина Делчево, заедно со општините Свети Николе и Штип, со цел да стане јасно дека не само невладините, туку сите овие услуги и можности треба да се дадат и им понуди на жените и девојчињата изложени на семејно насилство за да укаже дека сè уште сме тука за нив. Шетајќи низ државите и разговарајќи со жртвите на семејно насилство, дојдовме до сознание дека навистина треба да ги вложиме сите ресурси што ги имаме на располагање за да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, рече Јанески. 

Во рамки на настанот се обрати и претседателот на Здружението на пензионери д-р Виолета Арсова, која посочи дека во Делчево во последно време се случува нов вид на насилство, а тоа е насилство врз старите лица. 

-Нашето маало е прилично сиромашно и како резултат на тоа постарите трпат економско малтретирање, а со тоа се малтретирани, има пензионери кои се физички малтретирани од нивните деца, не знам од нив бараат шаблони за ајфон, нови патики од 300 евра. Значи, нема само насилство кај жените и девојчињата, но се почесто се среќава и насилство врз пензионерите. Како претседател на Здружение на пензионери, токму на оваа тема со денови држевме предавање со психолог, за да им помогнеме да ја подигнат свеста за проблемот, рече Арсова.

Координаторот на проектот Бети Толевска додаде дека сите оние на кои им е потребна каква било помош, без разлика дали е правна или психосоцијална поддршка, а се наоѓаат во некоја од маргинализираните групи, можат слободно да се обратат во нивната канцеларија за да им објаснат како да стигнат до правдата или поконкретно до психосоцијална поддршка. 

Реализацијата на проектот „КХАМ“ финансиски потекнува од ЕУ, шведската фондација QUINA TIL QUINA, Коалицијата „Маргини“ и Амбасадата на Кралството Шведска во Северна Македонија. вс/мд/

Фото: МИА


 

Остани поврзан