• петок, 27 декември 2024

Форуми во заедницата за креирање на општинскиот буџет во Берово

Форуми во заедницата за креирање на општинскиот буџет во Берово
Берово, 19 октомври 2022 (МИА) - Во Берово е закажана првата сесија во рамки на Форумите во заедницата. Активностите, како што информираа од Општината,ќе бидат насочени кон креирање на општинскиот Буџет за 2023 година. - На форумските сесии, присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, за да можат подоцна да бидат ставени во  програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот за 2023 година, информираа од Општината. Упатија отворена покана до жителите на Општина Берово и населените места, да учествуваат на буџетскиот форум кој го  спроведува Општина Берово. - Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните, додадоа од Општината. Првата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (петок), во просториите на Големата сала на Општина Берово. вс/цр

Остани поврзан