• среда, 25 декември 2024

Формула 1 работи на оптимизирање на натпреварувачкиот календар за сезоната 2024

Формула 1 работи на оптимизирање на натпреварувачкиот календар за сезоната 2024

Лондон, 22 април 2023 (МИА) - Раководството на Формула 1 работи на оптимизирање на формирањето на шампионскиот календар за сезоната 2024 година. Се разгледуваат опциите домаќините на трките да добијатр променети термини.

На пример, Ф1 размислува за одржување трки во Австралија, Кина и Јапонија. За да го направи тоа, раководството на Ф-1 ќе треба да ги убеди организаторите на Јапонското ГП да го сменат датумот и да ја префрлат трката во пролетниот дел од шампионатот.

 

Се разгледува и прашањето за трансфер на стартот на сезоната 2024 во Саудиска Арабија. Големата награда на Бахреин во овој случај ќе биде презакажана за да не се трка за време на Рамазан.

 

Веќе е разгледана и опцијата за одржување последователни трки во Канада и Мајами, за да нема враќање во Европа меѓу двете етапи.

 

Организаторите на Канадското ГП не се против оваа опција, но наводно не сакаат да го поместат датумот на трката од јуни во друг месец. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан