• четврток, 26 декември 2024

Формула 1 објави прелиминарен календар за сезоната 2021 година со рекордни 23 трки

Формула 1 објави прелиминарен календар за сезоната 2021 година со рекордни 23 трки
Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) - Формула 1 објави дека ќе одржи 23 трки во 2021 година. Ова е највисоката бројка во историјата на шампионатот.ко што претходно беше соопштено, Виетнам ќе го загуби своето место на календарот, додека Големата награда на Бразил сè уште не е потврдена. Оваа година беа планирани 22 етапи, меѓутоа, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите, календарот се намали на 17 Гран при. Прелиминарен календар на сезоната-2021 година за шампионатот во Формула 1: 1. Австралија - 21 март 2. Бахреин - 28 март 3. Кина - 11 април 4. Сè уште непознат домаќин - 25 април 5. Шпанија - 9 мај 6. Монако - 23 мај 7. Азербејџан - 6 јуни 8. Канада - 13 јуни 9. Франција - 27 јуни 10. Австрија - 4 јули 11. Велика Британија - 18 јули 12. Унгарија - 1 август 13. Белгија - 29 август 14. Холандија - 5 септември 15. Италија - 12 септември 16. Русија - 26 септември 17. Сингапур - 3 октомври 18. Јапонија - 10 октомври 19. САД - 24 октомври 20. Мексико - 31 октомври 21. Бразил * - 14 ноември 22. Саудиска Арабија - 28 ноември 23. Абу Даби - 5 декември. Големата награда на Бразил треба да се одржи во Интерлагос, но договорот сè уште не е склучен. зс/

Остани поврзан