• среда, 27 ноември 2024

Формула 1 во 2022 година оствари добивка од 239 милиони долари

Формула 1 во 2022 година оствари добивка од 239 милиони долари

Лондон, 1 март 2023 (МИА) - Приходите од Формула 1 достигнаа 2,5 милијарди долари во 2022 година. Според финансискиот извештај, приходите на Ф1 пораснале поради зголемената гледаност.

Вкупно 5,7 милиони луѓе присуствуваа на трките за Големата награда на Формула 1 во сезоната 2022 година. Растот на публиката беше 36 проценти во споредба со сезоната 2019 година, последната која не беше засегната од ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид.

Вкупниот профит се зголеми за 20 отсто на 2,573 милијарди долари. Истовремено, оперативната добивка се зголеми од 92 милиони на 239 милиони долари на крајот на годината.

Вкупниот награден фонд поделен меѓу тимовите изнесуваше 1,157 милијарда долари.

Ф-1 забележува дека растот на профитот се должи главно поради приходните ставки како што се придонесите од промоциите за одржување на Гран при (28,6%), продажбата на ТВ права (36,4%) и спонзорите (16,9%). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан