• среда, 25 декември 2024

Формиран Совет за превенција од детско престапништво за Тетово

Формиран Совет за превенција од детско престапништво за Тетово

Тетово, 17 мај 2023 (МИА) - Во просториите на Општина Тетово денеска се одржа првата седница на Советот за превенција од детско престапништво. На оваа седница за претседавач беше избрана професорката Блерта Ахмеди, а беа изгласани и правилниците за работа на Советот.

Во овој совет има претставници од Секторот за внатрешни работи на Тетово, Центарот за социјална работа, главниот обвинител на Основното обвинителство Тетово, Советот на родители на основните и средните училишта, Унијата на средношколци, Адвокатска комора , Советот на општина Тетово, како и од други институции.

-Формирањето на Советот беше законска обврска на општината и затоа ја покренавме оваа иницијатива, која денеска има резултат. Ова е голем чекор за општината за формирање на овој совет. Мислам дека со овој состав ќе имаме продуктивна работа и можам да констатирам дека истиот совет ќе биде продуктивен во неговата работа со преземање на конкретни дејствија и активности со превентивен карактер, изјави Блерта Ахмеди.

Совет за превенција од детско престапништво брои 17 членови кои имаат мандат од пет години со право на реизбор.ас/вј/

фото Општина Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан