• вторник, 24 декември 2024

Форлан ќе дебитира во професионалниот тенис

Форлан ќе дебитира во професионалниот тенис


Монтевидео, 22 октомври 2024 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2010, поранешниот уругвајски напаѓач Диего Форлан (45), ќе настапи идниот месец на професионален тениски турнир во родното Монтевидео, објавија денеска организаторите.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Интер и Атлетико Мадрид ќе игра во двојки заедно со Аргентинецот Федерико Корија.
Форлан играше тенис во детството и беше успешен на таа возраст.
Успешната фудбалска кариера ја заврши во 2019 година и оттогаш настапува на ИТФ турнирите во категоријата за играчи над 45 години.
Турнирот во Монтевидео е од серијата челинџер, но организиран од АТП, и 45-годишниот Форлан мораше да добие вајлд-карта за учество.
Неговиот партнер во двојки Корија е на 101. место на АТП листата во поединечна конкуренција. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан