• среда, 18 декември 2024

Форин офисот им советува на Британците да не патуваат во Либан

Форин офисот им советува на Британците да не патуваат во Либан

Лондон, 18 октомври 2023 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Велика Британија издаде соопштение во кое советува да не се патува во Либан.

Граѓаните на Велика Британија кои што моментално се наоѓаат во земјата се повикани да заминат додека се достапни комерцијални летови.

Потегот следува по денешните насилни демонстрации во Бејрут по експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа.

По избувнувањето на конфликтот, има и ескалација на непријателствата долж либанско-израелската граница. јт/

Фото: Форин Офис

Остани поврзан