• недела, 24 ноември 2024

Форд ќе вложи милијарда долари во фабрика во Европа

Форд ќе вложи милијарда долари во фабрика во Европа
Франкфурт, 17 февруари 2021 (МИА) - „Форд“ планира инвестиција на европскиот пазар на електрични автомобили во рамки на која најавува модернизација на својата фабрика во Германија. - „Форд“ ќе потроши една милијарда долари за обнова на својата фабрика во Келн и ќе ја претвори во автомобилска база со нулта емисија гасови, користејќи ја механичката рамка на „Фолксваген“ како столб, рече претседателот на „Форд Европа“, Стјуарт Роули на денешната прес-конференција. Тој додаде дека линијата на „Форд“ за сите патнички возила на Стариот континент до 2030 година ќе премине на производство на електрични возила. Новиот електричен автомобил произведен во Америка се очекува да се појави на пазарот во средината на 2023 година, а потоа може да следи уште еден. Компанијата соопшти дека комерцијалните возила се клучни за растот и профитабилноста во Европа и ќе понудат нови производи и услуги во сојуз со „Фолксваген“ и заедничкото претпријатие на „Форд“ во Турција - „Отосан“. „Форд“ соопшти дека одлуката за инвестирање во фабриката во Келн, во која работат  повеќе од 4.000 работници, е донесена откако нејзиниот европски бизнис се врати на позитивна територија, со профит во четвртиот квартал од 2020 година. - Инвестицијата, која треба да се реализира до 2025 година, е еден од најзначајните потези на „Форд“ во последните две или три децении и ја потенцира нашата посветеност кон Европа и модерната иднина, рече Роули. Оваа инвестиција е дел од планираните трошоци на „Форд“ од најмалку 22 милијарди долари предвидени со стратегијата од 2016 до 2025 година за производство на електрични возила. паг/  

Остани поврзан