• среда, 25 декември 2024

Форд го запира производството на автомобили во Индија

Форд го запира производството на автомобили во Индија
Њу Делхи, 10 септември 2021 (МИА) -  Форд ќе ги прекине своите производствени операции во Индија, 27 години откако стана еден од првите мултинационални производители на автомобили што влезе на тој пазар. Американската компанија објави дека производството на возила за локална продажба ќе престане веднаш. Извозното производство ќе се затвори во фабриката во Сананд до последниот квартал од годината, а фабриките за мотори и возила во Ченаи ќе бидат затворени до вториот квартал од 2022 година. Сепак, Форд ќе продолжи да увезува автомобили со помал обем како Мустанг и Ренџер-за локална продажба и најави дека „значително ќе го прошири својот тим за деловни решенија со 11.000 вработени во Индија во следните години за да го поддржи Форд на глобално ниво“. - И покрај значителните инвестиции во Индија, Форд акумулираше повеќе од две милијарди американски долари загуби во работењето во текот на изминатите 10 години, а побарувачката за нови возила беше значително послаба отколку што се очекуваше, изјави претседателот и извршен директор на Форд, Џим Фарли. Форд ќе продолжи да биде присутен во Индија и ќе го зголеми својот тим за деловни решенија, кој ги поддржува глобалните операции на компанијата со фокус на инженерството, технологијата и бизнисот. Компанијата исто така објави дека Индија ќе остане втора по големина работна сила на Форд на глобално ниво, и покрај деловните решенија на Форд, Форд Индија ќе продолжи да произведува мотори - до вториот квартал на 2022 година - за извоз. ссм/

Остани поврзан