• сабота, 28 декември 2024

Фон Дер Лајен: Се надеваме дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб

Фон Дер Лајен: Се надеваме дека Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб
Брисел, 16 февруари 2020 (МИА) - Пред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија. - Знаете дека Западен Балкан е приоритет за ЕК и мислам дека е во заеднички геостратешки интерес да се приближи регионот кон ЕУ, посочи фон дер Лајен. Таа додаде дека нова методологија треба да ја обнови довербата помеѓу сите страни и да ги забрза структурните реформи. - Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло, посочи фон дер Лајен. Таа наведе дека и утре во Брисел се организира донаторска конференција за обнова на Албанија по минатогодишниот разорен земјотрес. Неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. ми/  

Остани поврзан