• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен ќе присуствува на Конгресот на Нова демократија во Атина

Фон дер Лајен ќе присуствува на Конгресот на Нова демократија во Атина

Атина, 7 април 2024 (МИА) – Актуелната претседателка на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен денеска во Атина ќе присуствува на 15-от Конгрес на Нова демократија и ќе им се обрати на делегатите, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ЕПП, денешниот настан ќе го означи и почетокот на кампања на фон дер Лајен за европските избори во јуни.

Денеска, на последниот ден од Конгресот што започна во петокот, освен претседателката на ЕК, на делегатите ќе им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, но и генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас.

Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето. ср/мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан