• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година

Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година

Киев, 24 февруари 2025 (МИА) - Украина би можела да стане членка на Европската Унија пред 2030 година, доколку продолжи со реформите со истата динамика и квалитет, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на денешната прес-конференција.

Фон дер Лајен нагласи дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека пристапувањето мора да биде корисно и за земјата-кандидат и за Унијата. Таа додаде дека Унијата избегнува да дава точни датуми за членство, за да не создаде нереални очекувања кај другите кандидатки.

„Украина добро напредува и ако продолжи со реформите со оваа брзина и квалитет, можно е да стане членка пред 2030 година“, изјави Фон дер Лајен.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан