• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен предупредува на ризик за демократијата по нападите врз политичарите

Фон дер Лајен предупредува на ризик за демократијата по нападите врз политичарите

Берлин, 8 мај 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска повика на решителна акција за справување со нападите врз политичарите во Германија, јави ДПА.

Забелешките на фон дер Лајен, во говорот пред нејзината централно-десничарска Демохристијанска партија (ЦДУ) во Берлин, доаѓаат по серијата напади врз политичарите, неодамна врз кандидатот на Зелената партија во Дрезден, како и врз локалниот лидер на социјалдемократите (СПД) во Берлин.

-Кога зборуваме за закани за нашата демократија, не се работи само за позиции и содржина. Тоа е и за луѓе. Ако овие луѓе повеќе не се безбедни, тогаш веќе не е безбедна ниту нашата демократија, рече фон дер Лајен.

Таа рече дека сторителите мора „да ја почувствуваат целосната сила на законот“.

-Мораме да ги заштитиме сите оние кои се залагаат за нашето демократско општество и нашата земја од напади - без разлика на која партија припаѓаат, дали приватно, за време на изборните кампањи или при извршување на нивните должности, дење или ноќе.

Фон дер Лајен истакна дека тоа важи за политичарите на секое ниво, од локалните градски совети до германскиот парламент, како и за Европскиот парламент.

Во петокот минатата недела, политичарот од СПД, Матијас Еке, член на Европскиот парламент, беше претепан и тешко повреден од четворица млади момчиња додека поставуваше плакати за кампањата во источниот германски град Дрезден. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан