• четврток, 26 декември 2024

Фон Дер Лајен: Нападот на Хамас е „акт на војна“ (ДПЛ)

Фон Дер Лајен: Нападот на Хамас е „акт на војна“ (ДПЛ)

Брисел, 11 октомври 2023 (МИА) - Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен денеска го оквалификува нападот на палестинската милитантна организација Хамас како ладнокрвен „акт на војна“.

Говорејќи на состанокот на европските комесари, Фон дер Лајен, исто така, го поддржа целосниот преглед на мултимилионската финансиска поддршка на ЕУ за палестинските проекти.

„Мораме да бидеме јасни во дефинирањето на овој вид ужас. И може да има само еден одговор на тоа. Европа стои со Израел. И ние целосно го поддржуваме правото на Израел да се брани“, рече Фон дер Лајен. 

Во саботата, Хамас упадна на границата на Израел околу енклавата Газа и започна напади врз цивилни и воени цели, оставајќи повеќе од 1.200 мртви. Израел одговори со артилериски и воздушни напади, а властите во Газа проценуваат дека загинале повеќе од 900 Палестинци. Повеќето светски лидери, вклучително и оние од земјите-членки на ЕУ, одговорија со изрази на солидарност со Израел.  

„Тоа е тероризам. И тоа е акт на војна“, рече Фон дер Лајен. паг/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан