• недела, 24 ноември 2024

Фон дер Лајен: Комисијата планира на 17 март да ја усвои иницијативата за  „Дигитален зелен сертификат“

Фон дер Лајен: Комисијата планира на 17 март да ја усвои иницијативата за  „Дигитален зелен сертификат“
Атина, 5 март 2021 (МИА) – Претседателката на ЕК , Урсула фон дер Лајен, со писмото  до европските лидери, за 17 март најави усвојување на законодавниот предлог на европско ниво за „Дигитален зелен сертификат“ (Digital Green Certificate),  јави дописничката на МИА од Атина. Фон дер Лајен го споменува последниот состанок на 24 февруари кога на ниво на ЕУ се разговарало за сертификатот за вакцинација и пишува дека станало збор за „воспоставување на стандардизирани и интероперативни сертификати со кои се потврдува Ковид-19 статусот на луѓето“, односно дали се вакцинирани, дали имаат негативен тест или веќе прележале Ковид-19 и додава дека нејзин заклучок е дека сето ова треба да биде формулирано во законодавниот предлог за „Дигитален зелен сертификат“ што Комисијата планира да го усвои на 17 март. Вели дека намерата е да се олесни слободното движење на граѓаните, онаму каде што е оправдано и колку што е потребно. -Клучната цел на интероперативен сертификат со кој се потврдува Ковид-19 статусот е да се осигура дека онаму каде што луѓето можат да добијат слободно движење без ризик по јавното здравје, да можат да го сторат тоа. Во исто време, треба да бидеме сигурни дека ќе спречиме дискриминација на оние кои не можат да се вакцинираат, на пример од медицински причини или затоа што не се дел од целната група за која во моментот се препорачува вакцинацијата, но кои од други причини (на пример негативни резултат од тест) не претставуваат материјални ризици за јавното здравје, пишува претседателката на Европската Комисија. Додава дека за да се воспостави интероперативен систем во Унијата, не само што е потребна правна рамка, туку мора да се заврши и техничкиот дел како во ЕУ, така и на национално ниво за издавање на сертификати од надлежните национални тела и за верификација преку рамката за доверба на ЕУ, а потоа, за системот да започне да функционира откако ќе се заврши работата на ниво на Унијата, потребно е веднаш да се преземат активности на национално ниво. Фон дер Лајен пишува дека, Комисијата работи со земјите- членки „за воспоставување рамка за доверба и дигитална ифраструктура што ќе ја олесни автентичноста на сертификатите за вакцинација, за тестирање и за прележан Ковид-19“, нешто што треба да се заврши во следните три месеци, а „основата на таквиот заеднички пристап е довербата“. -На властите во една земја- членка им треба гаранција дека информациите вклучени во сертификат издаден во друга земја-членка се доверливи, дека сертификатот е оригинален и дека му припаѓа на оној што го поседува, објаснува претседателката на ЕК, пренесе МИА. Паралелно, земјите-членки треба да имаат онлајн систем за верификација. -Системот на ЕУ може да работи само доколку соодветните национални системи се воспоставени на време. Ова бара веќе донесените одлуки навремено да бидат имплементирани, преостанатите елементи брзо да бидат договорени и брзо да се усвои  законската рамка, пишува Фон дер Лајен. На крајот од писмото вели дека целото прашање треба да биде приоритет за да се овозможи слободно движење на граѓаните. ср/сд/

Остани поврзан