• сабота, 31 август 2024

Фон дер Лајен за „клучната“ гасна врска меѓу Франција и Шпанија

Фон дер Лајен за „клучната“ гасна врска меѓу Франција и Шпанија
Барселона, 6 мај 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повика на завршување на проектот MidCat, гасовод што ќе испорачува гас од Африка преку Шпанија до Европа, намалувајќи ја зависноста на Европската унија од рускиот гас. „Денес цела Европа се согласува дека треба да ја намалиме зависноста од руските фосилни горива“, рече Фон дер Лајен во Барселона со шпанскиот министер Педро Санчез. „Клучно е да се постигнат (европските) климатски цели и да се стави крај на уцената на Кремљ“, рече претседателката на Европската комисија во каталонската престолнина, каде што учествуваше на економски форум. Дваесет и седум членки на ЕУ сакаат да ја зајакнат енергетската независност на ЕУ со планот „Repower EU“, а според тој план Фон дер Лајен ја нагласи важноста на „прекуграничните проекти, како што е клучната врска меѓу Португалија, Шпанија и Франција“. Од почетокот на руската инвазија на Украина, Брисел се обидува да ја намали својата зависност од рускиот гас и да се сврти кон други извори, особено течен природен гас (ЛНГ). Течниот гас од Северна Африка (од Алжир) би се испорачувал преку Шпанија, која има шест терминали, всушност најголемата мрежа во Европа. паг/    

Остани поврзан