• среда, 25 декември 2024

Фон Дер Лајен: ЕУ ќе го „парализира“ имотот на руската централна банка

Фон Дер Лајен: ЕУ ќе го „парализира“ имотот на руската централна банка
 Брисел, 26 февруари 2022 (МИА) -   Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина. Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе отстрани „одредени“ руски банки од платниот систем SWIFT, како одговор на клучното барање на Киев. Таа зборуваше по видео-конференција со лидерите на САД, Германија, Франција, Италија и Канада, со цел да се координира одговорот на Западот на инвазијата. зш/

Остани поврзан