• вторник, 20 јануари 2026

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Никозија, 15 јануари 2026 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската Унија разгледува построги санкции против Иран, но додаде дека не сака директно да ги коментира воените дејствија што би можеле да ги преземат Соединетите Американски Држави или Израел.

- Не можам да ги коментирам активностите на други земји. Нивна одлука е што ќе преземат, изјави таа на прес-конференција на маргините на политичките разговори во Кипар.

Истовремено, таа нагласи дека „она што се случува во Иран е одвратно, а убивањето на младите луѓе е човечка трагедија“.

Фон дер Лајен исто така истакна дека ЕУ работи на нови санкции против одговорните за бруталното задушување на протестите во Иран.

Таа рече дека овие мерки имаат за цел да помогнат во доведувањето до крај на сегашната влада во Иран. Постојните санкции на ЕУ веќе имаат ефект и го ослабуваат режимот, додаде таа. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан