• вторник, 24 декември 2024

Фон дер Лајен: Европа стои зад Израел

Фон дер Лајен: Европа стои зад Израел

Тел Авив, 13 октомври 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Европа „стои покрај Израел“, кој има „право да се брани“ од „злосторствата извршени од Хамас“, пренесоа француските медиуми.

-Ова е најгрозоморниот напад врз Евреите од Холокаустот. Мислевме дека никогаш повеќе не може да се случи, но се случи. Соочени со оваа трагедија, постои само еден можен одговор: Европа стои покрај Израел. Израел има право да се брани, рече таа во Тел Авив по посетата на кибуцот Кфар Аза, каде палестинските милитанти убија десетици цивили, јави БТА.

Мораме, додаде таа, да ги наречеме злосторствата извршени од Хамас со нивните вистински имиња.

-Ова е тероризам. Ова е чин на војна, нагласи таа, додавајќи дека „само Хамас е одговорен за она што се случува“.

Таа повика на „многу внимателно следење на оние кои имаат корист од продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток, како што се Иран и Русија“. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан