• среда, 25 декември 2024

Фон дер Лајен: Да се направи сè за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови

Фон дер Лајен: Да се направи сè за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови
Каиро, 7 ноември 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека треба да се направи „сè“ за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, додека светските лидери имаат состанок во Шарл ел-Шеик во Египет, со цел да разговараат за дејствување против климатските промени. „Ние треба да направиме сè што можеме за да се задржиме до 1,5 степени“, напиша таа на Твитер. Според неа, се соочуваме со многу предизвици, „но, климатските промени се најголемиот“. Фон дер Лајен, која исто така е во Шарм ел-Шеик, се осврна на бројни климатски политики на Европската Унија во нејзините твитови. бд/сд/

Остани поврзан