• среда, 18 декември 2024

Фон дер Лајен: Британија е на пат кон повторно приклучување во ЕУ

Фон дер Лајен: Британија е на пат кон повторно приклучување во ЕУ

Брисел, 29 ноември 2023 (МИА) – Велика Британија е на јасен пат кон повторно приклучување во ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и ги повика младите да го поништат Брегзит.

Таа на доделувањето на наградите ПОЛИТИКО 28 во Брисел истакна дека на своите деца им кажала дека на следната генерација е да ја „поправат“ грешката со Брегзит.

- Морам да кажам, цело време им велам на моите деца: Треба да го поправите тоа. Направивме грешка, мора да ја поправите. Така што и овде мислам дека насоката на движење, што е мое лично мислење, е јасна, рече таа.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак не се согласува дека Брегзит треба да се „поправи“.

Тој изјави дека Британија „има премиер кој се залагал за Брегзит пред тоа да биде во интерес на неговата кариера, бидејќи тој страсно верува во него“.

Анкетите покажуваат дека мнозинството гласачи во Велика Британија би поддржале повторен влез во ЕУ доколку тоа се побара на референдум, пишува Политико.

Последната анкета објавена на крајот на ноември покажува дека 48 отсто од населението се за повторно приклучување, а 36 отсто се за напуштање, но ниту една голема политичка партија која има шанси да учествува во владата не предлага повторно пристапување во Унијата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан