• вторник, 24 декември 2024

Фон дер Лајен: БиХ добива 20 милиони евра за санација на поплавените подрачја

Фон дер Лајен: БиХ добива 20 милиони евра за санација на поплавените подрачја

Сараево, 25 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска во Сараево дека Босна и Херцеговина добила 20 милиони евра интервентни средства за санација на штетите во поплавените региони во Федерацијата БиХ.

По средбата со претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, Фон дер Лајен истакна дека БиХ може да смета и на средства од Фондот за солидарност при процесот на обнова.

Таа не даде конкретен одговор на прашањата за реформите што БиХ треба да ги спроведе според Планот за раст на Европската Унија.

Кришто изјави дека 111 од 113-те реформи се усогласени и за тоа е поднесен извештај до ЕУ. Дополнителни барања од ЕУ вклучуваат усогласување на визниот режим и борбата против корупцијата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан