• недела, 01 септември 2024

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики за лицата со попречености

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики за лицата со попречености
Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) - Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики пропратени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст за лицата со попречености - Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија уште еднаш ја докажа својата филантропска мисија помагајќи им на лицата со попреченост. За секоја секција од поставката во Меморијалниот центар на холокаустот, за глувите и наглувите посетители, подготвени се видеа на знаковен јазик и аудио приказни со кои посетителите ќе слушнат и дознаат повеќе информации, без оглед на попреченоста. Секоја секција од поставката е претставена со текст на Брајово писмо. На тој начин посетата на Меморијалниот центар и восприемањето на приказната за постоењето, животот, холкаустот и повторното раѓање на Еврејската заедница на овие простори, е достапна и за овие категории посетители, информираат од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија . Од Фондот соопштуваат дека изложбата е насловена - „Еден час – 1 HOUR“, симболика која произлегува од потребата на лицата со попреченост да имаат час повеќе при посета на музеите. Истовремено англиското име на изложбата е акроним кој се поврзува со содржината на изложбата наменета за оваа категорија на посетители. " 1 HOUR " H- Holocaust museum gives - Холокауст музејот дава O- opportunity (for disabled visitors) - можност за U- unique experience - уникатно искуство R- rare exhibition - ретка изложба "Holocaust museum gives Opportunity for disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition" Посочуваат дека својата општествената одговорност, посветеност и придонес кон заедницата Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја докажува преку интеракцијата со лицата со попреченост. Нашата заложба претставува современ концепт за општестена одговорност и инклузија на културното наследство за сите. фф/сп/

Остани поврзан