• петок, 27 декември 2024

Фондацијата „Маариф“ во Македонија ја посети Општина Кисела Вода

Фондацијата „Маариф“ во Македонија ја посети Општина Кисела Вода
Скопје 1 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода беше домаќин на претседателот на турската фондација во Македонија „Маариф, Мехмед Баран. На вчерашната средба Баран го информираше Ѓорѓиевски во врска со работата на фондацијата „Маариф“, и за функционирањето на кампусот во Скопје во чиј состав работат градинка, основно и средно училиште, а наставата се одвива на англиски јазик. - Покрај запознавањето, на овој работен состанок, беа разменети повеќе идеи околу можностите за соработка и сферите во кои таа е можна, се вели во соопштението на Општина Кисела Вода. Фондацијата “Маариф” основана од Владата на Република Турција како единствениот правен субјект од оваа земја, овластен да обезбедува образовни активности ширум светот, застапува 340 училишта во 42 земји. Во нашата земја се присутни од 2018-тата, а наставата во скопскиот кампус се одвива од оваа учебна година. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан