• понеделник, 29 јули 2024

Фондацијата за културна и научна афирмација Македонија презент од Скопје ги објави добитниците на наградите од Скрипт фест 2021

Фондацијата за културна и научна афирмација Македонија презент од Скопје ги објави добитниците на наградите од Скрипт фест 2021

Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Гоце Ристовски, Васил Михаил и Владо Јаневски се добитници на наградите од Скрипт фест 2021, Меѓународен фестивал на филмски сценарија, што традиционално го организира Фондацијата за културна и научна афирмација Македонија презент од Скопје.

Владо Јаневски е награден за филмското сценарио за долгометражен игран филм „Под друга капа“.  

Васил Михаил наградата Скрипт фест ја добива за трите сценарија за краток филм : „Кујна“, „Паркинг„ и „My god, it’s full of stars„.  

Гоце Ристовски е награден за сценариото за игран филм „Гола вода„ и сценариото за краткометражен игран филм „Кардинална грешка“.      

Сите три награди се рамноправни и се доделуваат за најдобри сценарија пристигнати на Конкурсот за филмски сценарија на Фестивалот Скрипт фест 2021 година, а наградените филмски сценарија се достапни на следниот линк .    

Фестивалот Скрипт фест оваа година ќе се одржи со поддршка на Програмата за култура при Собранието на Град Скопје. ки/ац/

Остани поврзан