• недела, 24 ноември 2024

Флорида: Тинејџер ја застрелал сестра си по расправија за божикни подароци

Флорида: Тинејџер ја застрелал сестра си по расправија за божикни подароци

Тампа, 27 декември 2023 (МИА)  -  Петнаесетгодишно момче од Флорида е обвинето дека пукало во својот 14-годишен брат, откако тој тинејџер смртно ја застрелал нивната 23-годишна сестра додека таа седела надвор со своето бебе на Бадник, јавија американски медиуми.

Полицијата соопшти дека браќата претходно се степале за време на семејно шопинг патување за тоа - кој што ќе добие за Божиќ и како ќе бидат распределени парите предвидени за подароци, јави Си-Би-Ес Њуз. Кога мајката ги однела сите во куќата на нивната баба во Ларго (во близина на Тампа, Флорида) продолжила расправијата. 

Откако влегле внатре, 14-годишното момче наводно извадил полуавтоматски пиштол, го вперил во својот брат и му рекол дека ќе му пука во глава. Постариот тинејџер рекол дека не сака да се кара и му рекол на својот брат да излезе од куќата. Еден од нивните вујковци ги разделил тинејџерите и го извел 14-годишното момче надвор, каде била постарата сестра со своето бебе.

Четиринаесетгодишното момче упатил неколку погрдни зборови на својата сестра Абриел Болдвин и и кажал дека ќе пука во неа и нејзиното бебе. Тој наводно ја застрелал во градите околу 13 часот и 45 минути по локално време. Нејзиното бебе е неповредено.

Наводно, 15-годишникот потоа излегол од куќата на бабата со полуавтоматски пиштол и го застрелал својот помлад брат во стомакот. Потоа побегнал од домот, фрлајќи го пиштолот во блискиот двор, а подоцна бил приведен во домот на член на семејството.

Помладиот брат, кој може да биде обвинет како возрасен за убиство од прв степен, е во стабилна состојба во болница во областа Тампа по операцијата. 15-годишникот е обвинет за обид за убиство од прв степен.

Болдвин била пренесена во болница, каде била констатирана смрт. Куршумот поминал низ нејзината лева рака и во градите, уништувајќи ѝ ги двете белодробни крила. Таа претрпела внатрешно крварење и не можела да дише.

На ранетото 14-годишно момче му е извршена операција и сега е во стабилна состојба во болница. Тој е обвинет за убиство од прв степен, злоупотреба на деца и за поседување огнено оружје, соопшти полицијата. Државното обвинителство на Пинелас-Паско ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали тинејџерот ќе биде обвинет како возрасен.

Неговиот брат е обвинет за обид за убиство од прв степен и за манипулација со материјални докази. Двајцата тинејџери имаат претходно досие за апсење поради кражби на автомобили. ссм/зш/

фото: 

Остани поврзан