• сабота, 21 декември 2024

Флик: Ќе направиме се за да ја подигнеме Барселона на следното ниво

Флик: Ќе направиме се за да ја подигнеме Барселона на следното ниво

Барселона, 20 јули 2024 (МИА) - Ханзи Флик веќе се чувствува како дома во Барселона. Поранешниот селектор на германската репрезентација пред нешто повеќе од една недела официјално го презеде „жешкото столче“ од Чави.

-Она што го доживуваме овде е навистина неверојатно. Сите ни покажуваат почит. Ја почувствував страста на луѓето овде од првиот ден. Од навивачите, сите. Сакаме да дадеме се што имаме за да го подигнеме овој клуб на следното ниво. Ќе направиме се што можеме, изјави тој за спортскиот весник „Марка“ денеска во неговото прво големо интервју во Шпанија.

Каталонците се уште имаат финансиски проблеми, но откако минатата сезона ја загубија титулата во Примера од Реал Мадрид, сега се очекуваат сериозни нови засилувања во тимот.

Медиумите ја поврзуваат Барса со хероите на Шпанија од ЕП 2024, Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Дани Олмо од РБ Лајпциг.

Педесет и девет годишниот Флик, кој ја освои тројната круна со Баерн Минхен во 2020 година, испрати порака до клубот.

-Треба да добиеме играч кој може да помогне во победите на нашите натпревари. Сакаме да го подобриме квалитетот на тимот и сега тоа е најважно, додаде Флик за весникот „Марка“. дс

Фото: Фејсбук/Барселона

Остани поврзан