Флик: Треба да поработам на моето однесување
- Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, ги повика своите играчи да не го потценуваат следниот противник во Ла Лига. Во недела навечер лидерот во првенството е домаќин на Леганес на „Монжуик“ во натпревар од 17. коло.
Барселона, 14 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, ги повика своите играчи да не го потценуваат следниот противник во Ла Лига. Во недела навечер лидерот во првенството е домаќин на Леганес на „Монжуик“ во натпревар од 17. коло.
Разликата сега е во тоа што Германецот нема да го води тимот од клупата, бидејќи беше суспендиран на два натпревари поради црвен картон од пресметката со Бетис. Тој беше казнет за протестирање на судијата.
Флик ја прифати неговата санкција и се извини за неговото однесување.
-Мислам дека сето ова беше претерано од судијата. Во овој случај, ги повикав Френки де Јонг и другите да бидат внимателни и да не прават глупави работи. Веќе на почетокот на сезоната им посочив на играчите дека не сакам да ги слушам како се жалат ниту на судиите, ниту на противникот. Но, можеби требаше да бидам помек. Но, сакам судиите да се однесуваат исто кон сите други тренери. Ја прифаќам мојата санкција и нема смисла да се троши енергија. Не ми се допаѓа, но првенството овде е различно од она од каде што доаѓам. Треба да поработам на моето однесување. Сите сме луѓе и грешиме. Генерално, нашиот тим одлично се снаоѓа и нема за што да се жали со судиите, изјави Флик на прес-конференција. дс
Фото: Архива