• среда, 25 декември 2024

Флик пред Жирона: Тоа е како натпревар од Лигата на шампионите

Флик пред Жирона: Тоа е како натпревар од Лигата на шампионите

Жирона, 15 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, ги советуваше своите играчи да ги заборават поразите од Жирона минатата сезона, додека двата тима се соочуваат еден со друг во петтото коло од шпанската лига.

Жирона беше големото изненадување во сезоната 2023/2024, предизвикувајќи го првото место едвај во нивната четврта кампања во елитата и победувајќи ја Барселона со 4:2 дома и на гости.

Тимот на крајот заврши на третото место зад шампионите Реал Мадрид и Барселона, но поранешниот тренер на Германија и Баерн Минхен, Флик, кој ги презеде чело на Каталонците оваа сезона, очекува тежок натпревар.

-Победивме четири натпревари во низа и сакаме да продолжиме. Знам дека ќе биде тешко бидејќи Жирона игра навистина добро. Тоа е натпревар на највисоко ниво, ниво во Лигата на шампионите и ние сме далеку од дома. Имаме самодоверба, мора да играме 100 проценти, важно е нашите играчи да дадат максимум“, рече тој на прес-конференција.

Каталонците ја отвораат својата кампања во Лигата на шампионите во четврток на гостувањето кај Монако, но Флик не ја потценува пресметката со Жирона, која е на петтото место со седум бода од првите четири кола.

-Не размислувам за Лигата на шампионите, само за Жирона. Тоа е како натпревар во Лигата на шампионите и добар тест за нас. Навистина се радувам на тоа, рече тренерот.

Ансу Фати е блиску до враќање, но не е дел од 21-члениот тим на Барса овој викенд, заедно со повредените Гави, Френки де Јонг, Андреас Кристенсен, Роналд Араухо и Марк Бернал. Флик го повика 16-годишниот играч од средниот ред Гиљермо за натпреварот.

Жирона, која ќе се соочи со Пари Сен Жермен на отворањето на Лигата на шампионите во средината на неделата, ги доби последните два натпревари во Ла Лига.

-Ќе ни биде многу тешко бидејќи Барселона е лидер и во одлична форма. За да победиме ќе мора да имаме поголем посед на топката. Убеден сум дека можеме да одиграме одличен натпревар. Мислам дека ќе имаме одлична година, изјави тренерот Мичел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан