• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона

Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона

Барселона, 4 март 2025 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на нејмар, пишува „Diario Sport“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната.

Сепак, Флик преферира млади играчи и интензивен фудбал.

Предлогот за враќање на Нејмар официјално не се разгледува во клубот, што укажува на недостиг на консензус во спортското раководство. Дополнително, потписот на Бразилецот може да го попречи и неизвесната финансиска состојба на Барселона. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан