• четврток, 26 декември 2024

Фламенго реши да го отпушти тренерот Сампаоли

Фламенго реши да го отпушти тренерот Сампаоли

Рио де Жанеиро, 26 септември 2023 (МИА) - Раководството на Фламенго одлучи да го разреши главниот тренер на тимот Хорхе Сампаоли, објави „Globo“.

 

Заминување на Сампаоли се уште не се случило поради несогласувања меѓу страните околу исплата на обесштетувањето. Во моментот на потпишување на договорот во април, сумата во случај на отказ изнесуваше 2,5 милиони евра, но постепено се намалуваше поради истекот на договорот, кој е со важност до 2024 година.

 

Се известува дека Фламенго би сакал да го назначи поранешниот селектор на Бразил Тите наместо Сампаоли кој издржа турбулентни неколку месеци во Фламенго. Во јули, неговиот помошник Пабло Фернандез го удри играчот Педро и потоа беше отпуштен. Две недели подоцна, Жерсон на тренинг му го скрши носот на соиграчот Гиљермо Варела.

 

Тимот се наоѓа на седмото место во поредокот на бразилското првенство, со 40 бодови од 24 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан