• четврток, 05 март 2026

Фламенго го отпушти тренерот по победа од 8-0

Фламенго го отпушти тренерот по победа од 8-0


Рио де Женеиро, 3 март 2026 (МИА) – Ден по триумфот од 8-0 над Мадуреира и пласманот во финалето на првенството Кариока, бразилскиот фудбалски гигант Фламенго му врачи отказ на тренерот Филипе Луис.
„Фламенго сака да му се заблагодари на поранешниот играч и тренер за сè што направи за време на неговиот престој во Фламенго. Клубот му посакува успех и среќа во продолжението на неговата професионална кариера“, се вели во клупското соопштение.
Фламенго освои вкупно седум трофеи со Луис на клупата откако го замени поранешниот главен тренер Тите во септември 2024 година.
Сепак, Фламенго под водство на Луис ги загуби двете последователни финалиња во 2026 година, во бразилскиот Суперкуп и во Судамерикана минатиот месец.ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан