• сабота, 23 ноември 2024

Фијала: Неопходно е да се спречи руската хибридна војна во Европа

Фијала: Неопходно е да се спречи руската хибридна војна во Европа

Прага, 24 јули 2024 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Фијала изјави денеска дека земјата е свесна за руските хибридни закани во Европа, вклучително и можните напади врз инфраструктурата и програмите за снабдување со оружје.

„Знаеме дека руските сили дејствуваат на територијата на Европа. Европа долго време се соочува со хибридни закани, нивниот интензитет уште повеќе е засилен со руската агресија врз Украина. Затоа правиме се за долгорочна безбедност на сите граѓани“, изјави тој за Укринформ.

Фијала истакна дека државните безбедносни сили и специјалните служби се фокусирале на потиснување на хибридните закани, што им помогнало да ја откријат „проруската мрежа зад серверите на Гласот на Европа“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан