• среда, 18 декември 2024

ФИФА ќе го одложи клупскиот светски шампионат за јуни 2022 година

ФИФА ќе го одложи клупскиот светски шампионат за јуни 2022 година
Нион, 14 април 2020 (МИА) – Светската фудбалска федерација има намера да го одложи одржувањето на клупскиот светски шампионат за јуни 2022 година, пренесува „АС“. Турнирот првично требаше да се одржи во Кина од 17 јуни до 4 јули 2021 година, но беше одложен поради одложувањето на Европското првенство за летото 2021 година. Светскиот клупски шампионат ќе се одржи во нов формат, бројот на учесници треба да се зголеми од седум на 24 екипи. Турнирот ќе се одржува на секои четири години. И покрај трансферот на клупското светско првенство до 2022 година, издание по него ФИФА го планира според првичниот термин во 2025 година. зс/

Остани поврзан