• петок, 27 декември 2024

ФИФА ја прошири истрагата за сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон

ФИФА ја прошири истрагата за сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон
Цирих, 3 мај 2022 (МИА) – Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја прошири истрагата за наводна сексуална злоупотреба на малолетни фудбалери во Габон, суспендирајќи четири фудбалски функционери на оваа африканска држава. ФИФА соопшти денеска дека нејзиниот Етички комитет отворил формална постапка против Патрик Асумуа Еија, поранешниот габонски селектор на репрезентацијата до 17 години, двајца други тренери и претставник на националната фудбалска лига. Истрагата е отворена откако британскиот весник „Гардијан“ во декември лани објави изјави од наводните жртви на сексуално насилство. Тие во изјавите наведоа дека биле намамени од страна на Еија во неговиот дом, кој тој го нарекол „Еденска градина“. Фудбалската федерација на Габон во декември го суспендираше Еија, а ФИФА ја прошири забраната на уште тројца функционери. - Овие санкции се воведени во врска со кривичните истраги кои се во тек, објави ФИФА. ег/паг/

Остани поврзан