• среда, 25 декември 2024

ФИФА со совет да се намалат платите на половина

ФИФА со совет да се намалат платите на половина
Цирих, 26 март 2020 (МИА) - Раководството на ФИФА ќе се обрати кон играчите за намалување на платите за 50 проценти додека не се смири пандемијата од коронавирусот. Ова стана јасно по средбата со претставници на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (ФИФПро). Покрај тоа, ФИФА привремено ќе забрани договори со играчи и тренери да бидат откажани од клубовите за време на траењето на кризата. Опцијата за намалување на платите за половина е поддржана од повеќе од половина од клубовите. Намалувањето на платите од 50% веќе се дискутира во англиската Премиер лига.

Тагови

Остани поврзан