• недела, 24 ноември 2024

ФИФА очекува за над една милијарда евра поголем приход по СП 2022

ФИФА очекува за над една милијарда евра поголем приход по СП 2022

Цирих, 21 ноември 2022 (МИА) - ФИФА во новиот четиригодишен предиод, што ќе заврши со Светското првенство во Катар, очекува приход од околу 7,5 милијарди евра, што е за речиси една милијарда евра повеќе отколку во претходниот период кој заврши во Мундијалот 2018 во Русија.

Како што се дознава од извори внатре во ФИФА, 5,4 милијарди евра ќе бидат издвоени за поддршка на фудбалски активности ширум светот, вклучувајќи и средства за националните и континенталните фудбалски федерации.

Со тие средства, исто така, ќе се покријат загубите од некои други натпреварувања во организација на ФИФА, како Светското клупско првенство, натпреварувањата во младинските категории и женското Светско првенство во 2019 година.

Зголемениот приход во касата на ФИФА се должи на зголемите спонзорски договори и поголемата заработка од СП во Катар.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во саботата изјави на конференција за новинари дека Мундијалот во Катар ќе донесе околу 700 милиони евра поголем приход во споредба со Светското првенство пред четири години во Русија. ег/ми/

Остани поврзан