• сабота, 09 ноември 2024

ФИФА одлучува дали ќе го исфрли Израел од меѓународниот фудбал

ФИФА одлучува дали ќе го исфрли Израел од меѓународниот фудбал

Цирих, 2 октомври 2024 (МИА) - Одлука за суспензија на Израел од меѓународниот фудбал треба да донесе Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во четврток.

Предлогот за казнување на израелската федерација првпат беше направен од Палестинската фудбалска асоцијација (ПФА) во април, а беше изнесен на конгресот на ФИФА следниот месец. Израел ги отфрли обвинувањата.

Првичниот предлог на ПФА дојде во време на израелското бомбардирање на палестинската територија Газа, а очекуваната одлука во четврток на Советот на ФИФА доаѓа во време кога ситуацијата на Блискиот Исток можеби дополнително ескалира, а Иран веќе се вмеша во конфликтот.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, пред Конгресот во мај сподели дека ќе треба да се направи независна правна проценка на предлогот на ПФА, при што Советот на ФИФА ќе расправа за него во јули.

Рокот дополнително беше продолжен во јули, а на 31 август ФИФА соопшти дека ја добила оценката и дека одлуката ќе биде донесена на состанокот на Советот во октомври.

Средбата е закажана за утре. дс

Фото: Архива

Остани поврзан