• среда, 25 декември 2024

ФИФА не исклучува светски првенства на секои две години

ФИФА не исклучува светски првенства на секои две години
Доха, 9 септември 2021 (МИА) – Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино од Доха, престолнината на земјата домаќин на Мундијалот 2022 во Катар, ја повтори идејата за одржување светски првенства на секои две години. - Го проучуваме календарот и се советуваме со сите страни. Секако, во сето тоа пред сè сакаме да го слушнеме гласот на самите протагонисти, односно играчите и тренерите. Ништо во старт не би сакал да го отфрлам како идеја, изјави Инфантино. Ова не е првпат Инфантино да навестува евентуално одржување во иднина Мундијал на секои две години, идеја на која веќе многумина отворено се спротивставија, вклучувајќи членови на Европската фудбалска организација и Меѓународниот олимписки комитет. ег/паг/

Остани поврзан