• среда, 25 декември 2024

ФИФА и понатаму бара 2 милиони франци од Платини

ФИФА и понатаму бара 2 милиони франци од Платини
Цирих, 5 март 2020 (МИА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) продолжува да бара враќање на 2 милиони швајцарски франци од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, по одлуката на Европскиот суд за човекови права да ја отфрли жалбата на Французинот, откако беше отстранет од сите фудбалски активности за четири години. На крајот на 2015 година, Платини, кој тогаш беше потпретседател на ФИФА, беше избркан од фудбалот од страна на Комитетот за етика на светската централа. Суспензијата истече во октомври минатата година. Причината за санкцијата беше неоправданиот трансфер на сметката на Платини вреден 2 милиони швајцарски франци од фондовите на ФИФА по наредба на претседателот на организацијата, Сеп Блатер. Блатер беше шеф на светскиот фудбал од 1998 до 2015 година.

Тагови

Остани поврзан