• среда, 27 ноември 2024

ФИФА го суспендира Овермарс од фудбалот

ФИФА го суспендира Овермарс од фудбалот

Цирих, 10 јануари 2024 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го суспендира од фудбалот поранешниот крилен играч на Барселона и Холандија, Марк Овермарс, поради испраќање непристојни фотографии на колешки.

- ФИФА може да потврди дека по барање на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија (КНВБ), Дисциплинската комисија на ФИФА воведе санкции за Марк Овермарс, кои ќе се применуваат ширум светот, објави ФИФА.

Во февруари 2022 година, Ајакс го отпушти Овермарс затоа што испратил фотографии од машкиот полов орган на една од вработените. Холандскиот функционер работеше  во структурата на Ајакс од 2012 година. Во март 2022 година, Овермарс му се приклучи на белгискиот Антверпен како спортски директор.

Овермарс е трикратен холандски шампион, англиски шампион и двократен бронзен медалист на Европските првенства. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан