• среда, 25 декември 2024

Фиорентина му нуди нов договор и двојно поголема плата на Де Хеа

Фиорентина му нуди нов договор и двојно поголема плата на Де Хеа

Фиренца, 18 ноември 2024 (МИА) - Раководството на фудбалскиот клуб Фиорентина ќе го продолжи договорот со голманот Давид Де Хеа, кој исто така ќе добива двојно поголема плата, објавија италијанските медиуми.

Како што пренесе „Кориере дело спорт“, клубот од Фиренца ќе ја активира клаузулата во договорот на шпанскиот голман, кој ќе остане на „Артемио Франки“ до 2026 година.

Де Хеа минатото лето потпиша едногодишен договор, а клубот може да ја продолжи соработката, па доколку тоа се случи, 34-годишниот Шпанец ќе има двојно поголема плата - 2,4 милиони евра по сезона.

Де Хеа е еден од најдобрите голмани во Серија „А“ оваа сезона, одбранувајќи 80,6 отсто од ударите кон голот, повеќе од Јан Зомер од Интер и Мајк Мењан од Милан. дс

Фото: Архива

Остани поврзан