• сабота, 23 ноември 2024

Финскиот претседател Стуб го потпиша т.н. закон за протерување бегалци, ќе стапи во сила на 22 јули

Финскиот претседател Стуб го потпиша т.н. закон за протерување бегалци, ќе стапи во сила на 22 јули

Хeлсинки, 16 јули 2024 (МИА) - Финскиот претседател Александар Стуб денеска го потпиша таканаречениот закон за протерување бегалци, кој ќе стапи на сила на 22 јули, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Стуб на Инстаграм напиша дека чинот е од витално значење за националната безбедност, како и дека ги разбира тензиите поврзани со тој закон.

Законот за итни овластувања, кој ќе важи една година, ќе им овозможи на финските гранични власти да одбијат да прифатат барања за азил под одредени околности. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан