• сабота, 23 ноември 2024

Финска предлага забрана за купување имоти од страна на Руси

Финска предлага забрана за купување имоти од страна на Руси

Хелсинки, 2 септември 2024 (МИА) - Финската влада сака да воведе забрана за Русите да купуваат имоти во земјата, информира министерот за одбрана Анти Хаканен.

„Денеска испраќаме на консултации предлог за воведување на забрана за трансакции со недвижности во кои има руско учество“, изјави Хаканен на прес-конференција.

Сепак, забраната ќе има и исклучоци, додаде финскиот министер за одбрана, според кој лицата со двојно државјанство и Русите со статус на постојано живеалиште во Финска ќе продолжат да имаат право да купуваат недвижности во земјата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан