• среда, 25 декември 2024

Финска повторно ја продолжи одлуката за затворање на граничните премини со Русија

Финска повторно ја продолжи одлуката за затворање на граничните премини со Русија

Хелсинки, 4 април 2024 (МИА) - Финската влада ќе го продолжи затворањето на граничните премини со Русија до понатамошно известување, а на својата листа додаде и неколку пристаништа каде патувањето ќе биде забрането.

На крајот на годината Финска ги затвори копнените граници со Русија поради зголемениот прилив на мигранти, особено од Сирија и Сомалија, обвинувајќи ја Москва дека ја користи миграцијата како средство за притисок врз оваа нордиска земја, што Кремљ го негира.

„Финските власти гледаат на тоа како на долгорочна ситуација. Не видовме ништо оваа пролет што би не навело да заклучиме дека ситуацијата значително се променила“, рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен.

Во февруари владата објави дека границите ќе останат затворени до 14 април. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан