• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Финска и Украина потпишаа договор за соработка во областа на одбраната

Финска и Украина потпишаа договор за соработка во областа на одбраната

Хелсинки, 13 март 2025 (МИА) - Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во областа на одбраната, соопшти денеска финското Министерство за одбрана.

Како што е соопштено, двете земји се согласиле да ја продлабочат соработката на полето на одбраната, вклучително и во вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција.

Финското Министерство за одбрана најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина, вреден околу 200 милиони евра, кој вклучува артилериска муниција. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан