• сабота, 23 ноември 2024

Финска бара ЕУ да изнајде мерки за спречување на влезот на мигранти од Русија

Финска бара ЕУ да изнајде мерки за спречување на влезот на мигранти од Русија

Осло, 21 мај 2024 (МИА) - Финска бара Европската Унија да изнајде заеднички мерки за спречување на т.н инструментализирана миграција, што значи проток на мигранти кои доаѓаат од Русија без валидни патни документи, изјави финскиот премиер Петери Орпо.

Финска ја затвори границата со Русија минатата година за да го спречи зголемениот број на пристигнувања од земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, и ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како оружје против Финска и ЕУ, што Кремљ го негира.

Некои мигранти сепак пристигнаа, а финската Влада поднесе предлог до Парламентот со кој ќе се овласти граничната контрола за враќање назад на барателите на азил кои се обидуваат да влезат од Русија.

„Мораме да ја ставиме нашата национална безбедност и безбедноста на земјите од ЕУ на прво место. Ние сме многу свесни за нашата одговорност да ги контролираме надворешните граници на Европската унија“, рече Орпо на прес-конференција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан