• вторник, 24 декември 2024

Финишира реновирањето на НУ Центар за култура - Крива Паланка

Финишира реновирањето на НУ Центар за култура - Крива Паланка
Крива Паланка, 26 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска извршија увид во завршните градежни активности во НУ Центар за култура - Крива Паланка.
-Изминатиот период во НУ Центар за култура се изврши целосна санација, поправка и доопремување на внатрешниот ентериер во кино салата, се изврши комлетно реновирање и адаптација на гардероберите, како и реконструкција на тоалетите. Санацијата и доопремувањето на внатрешниот ентериер во НУ Центар за култура - Крива Паланка се реализира преку проект кој финасиски е поддржан од Министерство за локална самоуправа - Биро за регионален развој со инвестиција од 4.125 460 денари и со кофинасирање од општинскиот буџет со 441.954 денари, рече Митовски.
Додаде дека изминатиот период е доказ дека во општина Крива Паланка може да се работи вредно и домаќински, навремено да се реализираат проекти, да се води грижа за сите категории на граѓани и нивните потреби, да се оддржува и унапредува животната средина и хигиената во градот и оклината и да се инвестира во сите области од интерес на локалната заедница.
Министерот Николовски на својот фејсбук профил по извршениот увид напиша дека после скоро 40 години Домот на културата во Крива Паланка ќе добие нов, современ и модерен лик.
-Ова е центарот на културниот живот, и место каде што покрај матичните културни содржини се презентираат и многу други културни вредности од врвни институции од земјата и странство. Крива Паланка се развива, се модернизира и доживува културна, социјална и економска експанзија, напиша Николовски. ид/дма/

Остани поврзан