Финасиска поддршка за спортски проекти во општина Центар, објавен јавен повик
- Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но, најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа - на поддршка и градење на тимскиот дух кај младите и нивното физичко и ментално здравје, се истакнува во пишаната изјава на градоначалникот.
Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
- Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но, најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа - на поддршка и градење на тимскиот дух кај младите и нивното физичко и ментално здравје, се истакнува во пишаната изјава на градоначалникот.
Од локалната самоуправа појаснија дека проектите што ќе конкурираат треба да содржат најмалку три од условите: да имаат стручни кадри, добро формулирани цели и очекувани ефекти, план за вклученост на заедницата и активности за стимулирање и афирмација на младите потенцијални спортисти-поединци во општината.
- Право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, здруженија и институции со седиште во општина Центар, кои исполнуваат законски и административни критериуми. Рокот за поднесување на пријавите е десет дена од објавувањето на повикот. Пријавите може да се достават преку пошта или лично во Архивата на Општина Центар, нагласија од локалната самоуправа.
Повеќе детали на веб-страницата на Општина Центар. бд/сст/
Фото: Општина Центар